Monday, May 6, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеПодземната сауна на вештерките

Подземната сауна на вештерките

„Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.

Вистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештеркиБунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.

Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.

„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.