Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПеру го освои третото место на Копа Америка

Перу го освои третото место на Копа Америка

Репрезентацијата на Перу со 2:0 успеа да го победи Парагвај во битката за третото место на Копа Америка. Првото полувреме беше доста неизвесно, двете екипи играа затворен фудбал и немаше позначајни шанси за гол. Почетокот на вториот дел му припадна на Перу откако Карилјо во 48-та минута успеа да постигне гол и да му донесе предност на Перу. Продолжението на второто полувреме беше далеку по интересно, со шанси на двете страни, од кои Паоло Гереро искористи една и ја потврди победата на Перу. За селекцијата на Перу ова е втора бронза на Копа Америка по ред.  Вечерва се игра и финалето на Копа Америка каде ќе се сретнат домаќинот на турнирот Чиле и селекцијата на Аргентина. Натпреварот ќе започне во 22 часот.

Еве ги најинтересните моменти и голови од натпреварот: