Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинетите во „Тврдина 2“ ја негираат вината

Обвинетите во „Тврдина 2“ ја негираат вината

За време на судското рочиште во Кривичниот суд, за предметот „Тврдина 2“, првоосомничениот Горан Грујевски, рече дека ги одбива сите наоди и оти се чувствува невин. Со изјава дека се чувствуваат невини по обвинението на СЈО настапија и шестте службенички кои се дел од обвинетите во случајот.

СЈО го презентираше обвинението без присуство на новинарите бидејќи се работело за класифицирани документи.

Судењето по речиси четири часа се одложи за 3 јули во 11:00 часот.

Претходното рочиште, кое се одржа на 5 мај, беше одложено бидејќи Грујевски не се појави во Судот. Тој со уште шестмина осомничени се товарат за уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Извор: alsatm.mk