Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНајсреќните луѓе на светот не се најбогати – Може ли да погодите кои се

Најсреќните луѓе на светот не се најбогати – Може ли да погодите кои се

Постојат повеќе истражувања за „најсреќната“ нација на светот, едните го опфаќаат економскиот фактот, како приходите, квалитетот на живот и висината на трошоците, а други повеќе се задржуваат на менталитетот и емоциите. Токму затоа најсреќни луѓе на светот не се Американците, туку Панамците и тоа втора година по ред.

panama happy

Во анкетата на Галуп биле поставени елементи за состојбата со личното здравје, друштвениот живот, финансиите, заедницата и перспективите, а Панамците во сите категории одговориле најпозитивно. Интересно е што во оваа анкета речиси сите најсреќни нации се од Јужна Америка, а во топ 10 се најдоа и Швајцарија, Данска и Австрија.

anketa svet sreka

Македонија не е прикажана на целосната листа, но според индексот на напредок забележуваме позитивни одговори од 30 до 40 проценти што е во категоријата на средно среќни нации. Што ќе кажете вие дали се чуствувате среќни и каква оценка ќе дадете во наведените пет елементи на анкетата.