Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНа југоистокот од Македонија, невработеноста вртоглаво расте

На југоистокот од Македонија, невработеноста вртоглаво расте

Освен здравствените последици,  во тешко заболени, и смртни случаи, најголемата криза во 21-иот век, се чини најмногу зема данок во однос на економијата и животниот стандард на граѓаните. Нема земја, на планетата, која не ги почувствува последиците од Ковид-19 пандемијата по својот бруто-домашен производ и квалитет на живот. Македонија во изминативе шесе месеци, има 40.000 нови невработени како резултат на Корона-панмедијата. Се чини, еден од најпогодените региони кај нас е југоисточниот.

Најмногу новопријавени невработени лица и активни баратели на работа од март до август има пријавено во центрите во Гевгелија и Валандово. Во Гевгелија бројката е зголемена за 761 лице а во Валандово за 407 што претставува зголемување за 79 проценти во овие две општини. Во Струмица бројот на невработени е зголемен за 1640 лица што е за 36 отсто повеќе за август во однос на март. Во Радовиш бројот на невработрени е зголемен за 539 лица или зголемување од 25 проценти за август во однос на март.

Во очекување на поддршката од четвртиот пакет мерки загуби и понатаму трпат фирмите од услужниот сектор, меѓу кои и туристичките агенции кои се многубројни на југоистокот и се на прагот на целосно затварање заради драстичниот пад на обемот на работа.

„Никогаш не било вака, значи ние туристичките агенции сме на работ на егзистенција. Со оглед на фактот дека неколку месеци имавме затворени граници а со тоа и затворени агенции, со оглед на фактот дека неколку месеци не остваруваме баш никаков профит а расходите си течат, останавме заборавени од државата и почнавме да размислуваме да го намалиме бројот на вработени“, вели туристичкиот работник Маријана Коцева за телевизија 24.