Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиMTV слави 35 години, а се претвори во „треш риалити“ ТВ

MTV слави 35 години, а се претвори во „треш риалити“ ТВ

Популарниот музички канал MTV денес слави 35 години емитување на програма, а првото емитувано видео е „Video Killed the Radio Star“ од „The Buggles“. Со години MTV беше предводник на алтернативната сцена, секогаш оставајќи простор за новите музички жанрови и изведувачите кои беа омилени на младата популација.

Сепак, во последните години MTV е далеку од старата слава фокусирајќи се на евтина риалити програма со ТВ шоуа со низок коефициент на интелегенција. И тука не мислиме на Jackass кои се светлосни години напред во однос на хуморот и иновативноста.