HomeГИГА БАЈТМоќниот HTC One M9+ конечно во Европа

Моќниот HTC One M9+ конечно во Европа

HTC One M9 Plus помоќната верзија на HTC One M9 конечно ќе пристигне во Европа, откако неколку месеци шансата да го користат ја имаа само купувачите во Азија. Со HTC One M9 Plus ќе имате можност да се пофалите со поквалитетен 5.2 инчен Quad HD дисплеј што е најзначајната предност во однос на основниот модел, со батерија од 2840 mAh која ќе биде доволна за целодневна активна работа поради поголемата потрошувачка на енергија.

HTC One M9 prva

HTC One M9 Plus исто така е изработен во едноделна метална рамка со тенок профил и заоблени агли, во внатрешноста е сместен осум-јадрен Mediatek MT6795T процесор кој има слични перформанси како и Snapdragon 810 а, досега нема никакви проблеми со прегревање. HTC One M9 Plus располага и со 20 мегапикселна камера, 32 GB меморија и работи со Android Lollipop.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com