Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕС  Митови и заблуди за бракот

  Митови и заблуди за бракот

 

Ви претставуваме неколку заблуди за браковите, кои најчесто ги имаат припадничките на понежниот пол

Половина од браковите се осудени на развод

Ова мислење преовладувало во 70те години кога разводот станал легален. Во 80тите години се разведувале 60% од венчаните парови. Денес, процентот е намален на 30%

Помеѓу среќните парови нема кавги

Низа истражувања покажале дека паровите кои се свесни за своите проблеми и тешкотии подолго остануваат во брак, од оние сопружници кои ставаат “розови очила”. Признавањето на проблемот и умерените кавги помагаат за да се создаде меѓусебното разбирање кое е формула за успешен брак

BRAK 2

Паровите кои имаат деца се посреќни од оние кои немаат

Според едно истражување спроведено во Велика Британија било потврдено спротивното. Се покажало дека што повеќе обврски и улоги имаат сопружниците , толку помалку се среќни. Тоа не значи дека паровите не сакаат деца, туку недостатокот на време прави да се оддалечат

Ако вистински го сакате својот партнер, страста никогаш нема да исчезне

“Страста е исполнета со новитети и мистерии”-рекол Обрич кој наведува дека страста започнува да бледее 12 до 16 месеци после почетокот на врската.

“Страста се намалува со текот на времето, но се заменува со друг вид на љубов, која е поврзана со должината на бракот и среќните моменти во него”