Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеѓуетничкиот синдикат на образованието иселен од ССМ

Меѓуетничкиот синдикат на образованието иселен од ССМ

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) денеска беше присилно исфрлено од просториите на Сојузот на синдикати, по одлуката за нивно исклучување и по истекување на рокот од три дена да се иселат. Образложението на ССМ е дека МЕСО делувале спротивно на политиките на најголемата синдикална организација во Македонија.

– На последната седница на Советот на ССМ ова не е ставено како точка на дневен ред. Точката каде што се расправало за МЕСО е за избор за потпретседател, тој тогаш напоменал нешто на МЕСО и се гласа за тоа точка. Значи не се гласало посебно за одлука за исклучување. Имаме информации дека дел од советниците немале поим дека се гласало за исклучување на МЕСО, изјави лидерката на МЕСО Сузана Стефановиќ пред зградата на ССМ веднаш по исфрлувањето.

Од ССМ во сооштенија за медиумите изразија дека МЕСО немал репрезентативно членство и дека делувал спротивно на Статутот со одржување на прес конференции со невладини организации и активно учествувал во протести за други цели, а не за синдикалните. Без МЕСО синдикалната организација ќе остане без грански синдикат за образование.

Извор: nova.tv
.