Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонија го држи светскиот просек, жителите на Бурунди најсиромашни, Катарците убедливо најбогати

Македонија го држи светскиот просек, жителите на Бурунди најсиромашни, Катарците убедливо најбогати

Бруто-домашниот производ по глава на жител, се води како еден од параметрите, заедно со стапката на невработеност и животниот стандард, како еден од клучните параметри да се види на која држава граѓаните и живеат богато или пак сиромашно. На скалата од  185 држави, според податоците од Меѓународниот монетарен фонд, Македонија се наоѓа на 80-тото место со 17.378 долари по глава на жител ( PPP). Од нашето опкружување, под нас на скалата се само Босна и Херцеговина се наоѓа на 91 место (14.894), додека Албанија се наоѓа едно место подолу на 92 (14.866). 

Пред нас се Србија-  72 место (19.767),  соседна Бугарија -59 (26..064),  Хрватска  -55 ( 29.207), Турција – 54 (29..327), Романија-53  (29.555), Грција – 49 ( 31.616), Унгарија – 40 (35.941), Словенија  -35 (40.344) .

На дното на оваа статистичка листа, која го мери богатството на граѓаните на сите земји во светот, се наоѓаат африканските: Демократска република Конго на 183 место (873), потоа Централно  Африканската  Република на 184 место (864), и Бурунди на последното 185 место со само 724 долари по глава на жител.

Први три на оваа листа со неверојатни 138.352 долари по глава на жител се Катарците, по нив жителите на Макао со 113.352, а на третото место се наоѓа најбогатата европска држава Луксембург со 112.045 долари по жител.