Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛил Вејн се повлекува од музичката сцена?!

Лил Вејн се повлекува од музичката сцена?!

Американската рап ѕвезда Лил Вејн откри дека ги сака своите обожаватели, но дека ќе се повлече од музичката сцена и нагласи дека не бара сочувство туку само мир и спокојство. Ова известување стигна на социјалната мрежа „Твитер“, само неколку часа откако полицијата била повикана во неговата куќа поради пукање. „Беспомоќен сум и ментално поразен. Заминувам со достоинство и благодарност. Ги сакам своите обожаватели, но готово е“, напиша познатиот рапер.

Tvit-1

Како што може да се разбере од овој твит, Лил Вејн ја пушта музичката сцена поради сериозни здравствени проблеми. Набргу пристигнаа и многу пораки за поддршка од неговите обожаватели, но и од колегите од рап сцената, вклучувајќи ја и Миси Елиот, која порача дека секогаш ќе ја сака неговата музика.

Лил Вејн уште од минатата година води судска битка со својот поранешен бизнис партнер Бирдман, а долго се бори и со здравствени проблеми. Минатата година имаше и епилептичен напад во авионот за време на летот од Висконсин во Калифорнија, поради што пилотот беше принуден да слета во Небраска.