Friday, May 3, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонLand Rover ќе „вози“ со атрактивни смартфони

Land Rover ќе „вози“ со атрактивни смартфони

Познатиот производител на џипови и автомобили Land Rover од Велика Британија, конечно одлучи сериозно да влезе во индустријата на телефоните. Компанијата планира првиот смартфон Land Rover да го лансира на почетокот во 2017 година.

Land Rover веќе произведе 4 смартфони со истото име на својот бренд, кој започнува соработка со компанијата Bullit, кој досега соработуваше со познатите брендови како што се: Catterpillar, Kodak, Ted Baker и Ministry of Sound. Се планира производство на револуционерни смартфони и различни мобилни додатоци. Претходните Land Rover смартфони беа издржливи, со дизајн во стилот на возилата што се произведуваат.

Новото партнерство со Bullit ќе таргетира „луѓе што сакаат авантури и предизвици“. Сигурни сме дека ќе излезат оригинални и уникатни модели на телефони, што мислите вие за овој бренд?

Извор: telefoni.mk