Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКрвава драма во Лептокарија

Крвава драма во Лептокарија

Во кафе-бар во Лептокаријасе случила вистинска драма. 31-Годишниот В.П. од селото Рашче, скопско, пријавил дека вчера во околу 15 часот физички бил нападнат од неколку лица во кафе бар во Трговскиот, додека заедно со ќерка на негов пријател отишол за да разговараат за вработување.

Според податоците од полицијата, додека тие стоеле во летната тераса, забележал дека влегле С.Х. Ф.В. И.Д. и уште две непознати лица, кои биле во униформи на агенција на обезбедување. Кога се доближиле до него почнале веднаш, без повод и причина, да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело.