Monday, Dec 11, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКомисијата отфрли 95 амандмани за предло-буџетот за 2018 година

Комисијата отфрли 95 амандмани за предло-буџетот за 2018 година

комисија за буџет

Не се прифаќа“. „За побараното со овој амандман веќе се предвидени пари во буџетот за 2018 година“. „Општините треба да аплицираат во соодветното министерство и ќе добијат пари од буџетот“. Така денеска гласеше постојано одговорот што го даваше Ширет Елези, заменик-министер за финансии, како претставник на Владата, на сите прашања од претседавачот на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Васко Ковачевски, како се изјаснува Владата за одреден амандман.

До попладневната пауза беа разгледани 95 амандани за буџетот за 2018 година, а од нив, освен трите што Беса ги повлече, сите беа отфрлени со само еден глас „за“ или без гласови за поддршка. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска не учествуваа во работата на комисијата. За разлика од нив, на седницата беа пратениците од Беса, кои ги образлагаа своите предлози.

Пратениците Жаклина Лазаревска, Диме Велковски, Ивана Туфегџиќ, Горан Милевски прашува како е можно најголемиот дел од амандманите да бидат буквално истите, со истата побарана сума и со истото образложение, „а да се смени само „старски дом“ со „училиште“ или да се смени името на местото.

– Од една ставка ги барат сите пари од Филхармонија. И што ќе се случеше ако министерството ги прифатеше барањата? Кога ги пишувале амандманите брзале, не виделе дека во сите бараат по 20 милиони од Филхармонија. Па, помножете со бројот на амандмани и ќе видите дека така Македонска филхармонија не само што ќе остане без пари, туку ќе ѝ се создаде и долг од 7 милијарди денари. Овие амандмани немаат врска со реалноста. Седнале во еден ден, само градовите ги смениле, сè друго е исто – рече Милевски.

Независната пратеничка Ивана Туфегџиќ, пак, амандманите од ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува како „чист популизам“, само за да се каже дека се поднесени амандмани, а тие се или непотребни или технички неуредни.