Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКочан се појави во СЈО

Кочан се појави во СЈО

изнисменот Сеад Кочан денеска беше на распит во СЈО. Кочан кој е првоосомничен во случајот „Труст“ беше придружуван од неговиот адвокат Никола Додевски. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода, пишува „РСЕ“

Според истрагата на СЈО, обвинетите во случајот Труст фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“ на Кочан.