Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКако ви се чини идејата да преноќите во хотел опседнат со духови?

Како ви се чини идејата да преноќите во хотел опседнат со духови?

Сигурни сме дека многу од вас сакаат да патуваат на места кои сами по себе се предизвикувачки, а авантуристичкиот дух да се зачини со интересно преноќувалиште. За сите храбри авантуристи, погледнете ја листата на хотели опседнати со духови во кои може да отседнете:

The Stanley Hotel (Колорадо)
Вистинска атракција за ловците на духови, хотел испреплетен со многу приказни за кои дел од гостите и вработените честопати коментирале за тоа како во ходникот на вториот кат забележувале дете кое плаче по неговата дадилка. Други, пак, слушале звуци на музика кои доаѓале од салата за забава.

ghost1Hotel Roosevelt (Холивуд, Калифорнија)
Се работи за една од најголемите згради во Холивуд, хотел отворен во 1927 година и дизајниран според шпански стил. Многумина тврдат дека ја виделе Мерилин Монро во огледало, за кое се вели дека било нејзиното омилено.

ghost2The Crescent Hotel (Аркансас)
Изграден во 1886 година, овој хотел првично служел како болница за заболени од рак. Легендата вели дека некој ѕидар паднал од местото каде што е сега собата 218. Гостите тврдат дека го виделе неговиот дух во огледалото во бањата и ги слушале неговите крици кои доаѓале од таванот.

ghost3The Lizzie Borden House, Масачусетс
4. август 1982 година бил кобен ден за Ендру Џексон и неговата сопруга Аби. Нивните тела се пронајдени во домот каде што живееле, двајцата биле убиени со секира. Една недела подоцна, нивната ќерка Лизи била приведена поради злосторството. Поради недоволни докази, Лизи била ослободена, а случајот останал нерешен. Сега тоа место е пансион со исторична автентичност. Гостите велат дека слушаат гласови навечер и биле сведоци на многу други чудни феномени.

ghost4