Како да препознаете клониран телефон
Од Азија пристигнуваат голем број на квалитетно изработени клонови на најпознатите Android смартфони и со пониските цени може да измамат многумина кои не се упатени во развојот на моделите кои постојано се менуваат. Најлесно ќе го препознаете клонираниот смартфон со карактеристиките на дизајн и штуро наместените звучници, странични копчиња и поставеноста на камерата и LED блицот.
Сепак, има и многу екстра клонови кои изгледаат идентично како Samsung Galaxy S6, HTC One или LG G3, па затоа најдобро ќе процените со апликацијата Antutu Oficer. Откако ќе го тестирате смартфонот со Antutu Oficer ќе ги добиете сите информации за производството на клонот и неговиот број кој не се покoлупува со официјалниот бренд.
За да го скенирате смартфонот треба да го отчитате посебниот QR код обезбеден од Antutu Oficer за секој смартфон посебно и него може да го прикажете на било кој дисплеј. Наш совет е да внимавате со телефони кои се продаваат на тезги или пак со испораките од интернет од голем број на сомнителни кинески сајтови.
Извор; telefoni.mk