Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИмпресионизам или надреализам? Обоените постери од политичарите на аукција

Импресионизам или надреализам? Обоените постери од политичарите на аукција

Освен акцијата во кафе-бар „Излет“ на која граѓаните донираа 15.528 евра за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави, демонстрантите најавуваат и други акции за собирање на финансиски средства – пишува Мета.
ivanov-portret
Така, една од следните акции ќе биде аукција на постерите со ликовите на политичарите кои беа боени од страна на демонстрантите за време на протестите: претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски.
ivanov-i-gruevski-portretiимпр
Од „Шарената револуција“ велат дека поседуваат четири од шесте обоени слики од чија продажба средствата ќе бидат наменети за финансиска помош на казнетите демонстранти. Од оваа граѓанска организација најавуваат дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат парични средства.