Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИбрахимовиќ: Во вторник пристигнува „бомба“

Ибрахимовиќ: Во вторник пристигнува „бомба“

Еден од најдобрите напаѓачи на светот Златан Ибрахимовиќ најави во вторник ќе соопшти голема вест. Веќе со недели се шпекулира кде фантастичниот Швеѓанец би можел да ја продолжи кариерата, откако му заврши договорот со францускиот Парис Сен Жермен. Шпекулациите се вртат околу Манчестер Јунајтед и негова повторна соработка со Мурињо, додека од друга страна се и Кинезите кои му нудат 10 милиони евра.

„Ќе соопштам голема вест на 7 јуни. Ќе биде тоа бомба за овој трансфер период. Чувството е одлично. Многу работи ќе се случат после соопштувањето на оваа вест, се надевам дека сите ќе уживате“, изјави Ибрахимовиќ. Најавеното соопштение се очекува да биде објавено во вторник околу 17:00 часот.

Медиумите веќе со недели шпекулираат околу преговорите на Ибрахимовиќ со главните луѓе на Јунајтед и Милан, а неговиот агент Мино Раиола изјави дека сите ќе бидат изненадени. Ибрахимовиќ има 34 години, а во текот на својата богата кариера настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.

Освојуваше титули во сите земји освен во Шведска, а ја нема освоено и трофејот од Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 50 погодоци на 51 натпревар.