Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИбрахими ветува поголема минимална плата, но социјалниот дијалог е нецелосен

Ибрахими ветува поголема минимална плата, но социјалниот дијалог е нецелосен

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20 отсто, најави во понеделникот министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, по работната средба со претставници на дек од синдикатите во Македонија.

„Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 отсто. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат“, рече Ибрахими.

Наместо средба со министерот Повелбата за солидарност во која членуваат голем број на синдикални движења вчера одржаат марш до зградата на ССМ каде ги пречека полициски кордон, но порачаа дека тие ги застапуваат и се борат за работничките права, а не овие синдикати кои се како привезоци на политичките партии.