Friday, May 17, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноГренландска ајкула може да живее четири века!

Гренландска ајкула може да живее четири века!

Огромна, спора ајкула од ладните длабочини на Атлантскиот океан најверојатно ја претставува најстарата врста на оваа риба, со животен век од неверојатни 400 години. Нејзиниот исклучително спор раст, околу центиметар годишно, ги довел научниците до заклучок околу нејзиниот долг животен век.

Данскиот морски биолог Јулије Нилсен истакнува дека радиокарбонската анализа која и била направена на ајкулата утврдила дека најстарата од 28 ајкули кои биле проучувани, има веројатно околу 392 години.

Ajkula-f2

Нилсен, кој моментално се наоѓа на докторски студии на Универзитетот во Копенхаген и кој го водел истражувањето објавено во магазинот „Science“, нагласува дека резултатите би требало да и ја донесат заслужената почит на оваа ајкула.

„Оваа врста е потполно занемарена, а само неколку научници во светото имат работено на оваа врста. Нашите резултати покажуваат дека, иако е неизвесноста голема, треба да се земе во предвид дека станува збор за најстарата ајкула во светот“, вели Нилсен.

120816-wd-greenlandshark