Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија очекува 100.000 мигранти да ја напуштат земјата

Германија очекува 100.000 мигранти да ја напуштат земјата

Германија очекува 100.000 мигранти без документи да си заминат од земјата до крајот на годината, а германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер вели дека таа бројка е висока, но недоволна после минатогодишниот рекорден прилив на мигранти и бегалци.

„Доколку продолжат сегашните тенденции, ќе достигнеме бројка од 90.000 или 100.000 депортации и доброволни враќање од земјата“, изјави германскиот министер за новинарите, додавајќи дека тоа е добро, но не и доволно. Според неговите зборови мора да се продолжи со работата они кои треба да ја напуштат земјата и навистина да го сторат тоа.