Tuesday, May 7, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФиорентина пронајде замена за Пауло Соуза!

Фиорентина пронајде замена за Пауло Соуза!

Еузебио ди Францеско ќе го наследи Пауло Соуза на клупата на Фиорентина, денес пренесоа италијанските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Рома во изминатите неколку сезони оствари одлични резултати со Сасуолом, кој оваа сезона играше и во Лигата на Европа.

Соуза, договорот со Фиорентина му истекува во јуни и веќе е јасно дека нема да има понатамошна соработка, бидејќи Португалецот не ги оправда очекувањата.

Ди Франческо ќе потпише тригодишен договор со Фиорентина, со можност да биде продолжен за уште една сезона.