Thursday, May 9, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Досие Икс“ добива продолжение?

„Досие Икс“ добива продолжение?

Моментално се во тек преговорите за снимање на нова сезона на една од најпопуларните телевизиски серии во историјата со Џулиен Андерсон и Дејвид Дуковни, како и творецот на популарниот серијал, Крис Картер. „Досие Икс“ на малите екрани се прикажуваше во периодот од 1993 до 2002 година. Оваа година беа снимени шест нови епизоди, а секоја од нив, имала 16 милиони гледачи.

Dosije-Iks-serija 1

„Распоредите се густи, но многу се трудиме би сакале наскоро да се појави уште една сезона“, открива програмскиот директор Дејвид Маден. За новите шест епизоди според соопштенијата реакциите на гледачите биле одлични, сепак имало и негативни критики, но на социјалните мрежи доминирале позитивните коментари.

Dziilijen-Anderson