Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДенес протест за изразување револт за огромниот јавен долг

Денес протест за изразување револт за огромниот јавен долг

Движењето „Протестирам“ на денешниот протест ќе изрази револт за како што велат огромниот јавен долг на државата кој влегува во опасни граници и може да ја уништи македонската економија со тоа што голем дел од средствата се проневеруваат и се користат за партиски криминал и корупција.

protest javen dolg

Според пресметките поединечниот долг на еден македонец изнесува над 2000 евра, па затоа денес сите треба да ги понесат „решенијата“ за наплата и да испратат порака за крај на расипничкото трошење на државните пари. Протестот како и секој ден ќе започне во 18 часот пред СЈО.