Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДалмација преплавена со месо што не минало никаква контрола

Далмација преплавена со месо што не минало никаква контрола

Санитарните инспектори утврдиле дека во повеќе месарници во Далмација се продава месо од животни над кои не била извршена никаква контрола ниту пред, ниту по колењето, а месото дури не било проверени ниту дали во него има трихинела, соопшти денеска хрватското Министерство за земјоделство.

– При контролите е пронајдено месо што потекнува од животни врз кои не е извршен соодветен анте мортем тест пред колењето, како ни пост мортем преглед на закланите животни, а не е извршен ниту задолжителниот преглед за присуство на трихинела во свинското месо, се додава во соопштението.

Како што јави портакот „Индекс“, според Министерството, откриеното непрегледано месо е со непознато потекло и без ознаки за здравствена исправност,

При контролите на месарниците се одземени 4.552 килограми месо, а при инспекциите на неколку кланици се конфискувани 51 животно – две говеда, 11 кози и јариња, 18 јагниња и 21 свиња.

Инспекторите при контролите издале 17 обвинителни предлози и пет казнени пријави.

МИА