Friday, May 10, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно„Бургер Кинг“ во Хелсинки има и сауна

„Бургер Кинг“ во Хелсинки има и сауна

Ланецот за брза храна „Бургер Кинг“ на посетителите во својот ресторант во Хелсинки нуди и услуги на сауна. Менаџерката на „Бургер Кинг“ во Финска, Хане Мари Ахонен, открила дека идејата била да се направи комбинација од локалната традиција и понудата на хамбургери.

Таа истакнала дека ресторантот со сауна наидел на големи пофалби кај муштериите минатата година, кога всушност и бил отворен. На муштериите сепак не им е дозволено да конзумираат храна во овие сауни. Оваа сауна чини од 200 до 300 евра за група од 15 лица.