Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБез специјален суд нема избори

Без специјален суд нема избори

СДСМ поддржана од владејачката ДУИ како главен услов за одржување на есенски парламентарни избори најверојатно ќе го постават формирањето на специјално одделение во кривичниот суд кое ќе биде задолжено за постапување само по предметите кои ќе ги поведува СЈО.

Тоа не му одговара на ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат дека според Уставот нема простор за паралелен суд, но и претходно за СЈО го имаат истиот аргумент, за на крај едногласно во Собранието да го одобрат законот за специјално јавно обвинителство. Посебното одделение би функционирало слично како одделението за организиран криминал со тоа што задачи би добиле судии кои немаат политичка позадина.