Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАпелација ја одби жалбата, Талески останува во домашен притвор

Апелација ја одби жалбата, Талески останува во домашен притвор

Кривичниот совет ја одби жалбата на Владимир Талески за ослободување од куќен притвор, денеска потврди тричлениот совет во Апелација  со кој претседаваше претседателката на судот Лилјана Шопова.

Талески веќе деветти ден е во домашен притвор и истиот предизвика и протести кои ги организираше ГДОМ, кои порачаа судиите да носат одлуки без страв.  Пред три дена Специјалното обвинителство и адвокатите на Талески ги спротиставија аргументите на јавна расправа во Апелација.

СЈО го осомничи Талески во акцијата „Транспортер“ поради злоупотребена службена положба која вклучува 81 противправно дело со незаконски тендери за транспорт на учениците во Битола.