Monday, May 13, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАјтов со полициска асистенција ќе се враќа во СОБ и ССМ

Ајтов со полициска асистенција ќе се враќа во СОБ и ССМ

Ристо Ајтов, старо-новиот претседател на Синдикатот на одбрана и безбедност денес се обиде да се врати во седиштето на ССМ каде се наоѓаат и канцелариите на овој гранков синдикат, но приватното обезбедување кое нема никакви ознаки го спречи во намерата.

Ајтов посочи дека членовите на ова обезбедување воопшто не му се познати и дека тие не се дел од СИНАК која е специјализирана синдикална агенција за обезбедување. По недоразбирањето екипата на МВР која беше повикана да интервенира единствено што можеше да направи е да ги повика инволвираните во полициската станица Беко.

risto ajtov sindikat (1)

Таму беше утврдено дека Ајтов располага со валидни документи од Централниот регистар со кои се потврдево дека всушност тој сега е вистинскиот претседател на СОБ, а не досегашниот Оливер Стојановски кој со одлука на министерот за труд и социјална политика лани му ја презеде функцијата.

sindikat odbrana (1)

Ајтов обвини дека за овие шест месеци од сметката на СОБ исчезнале околу 5.5 милиони денари. Стојановски рече дека ваквиот исказ не е точен, но не даде одговор каде се парите или пак за која цел биле потрошени. Ајтов доби уверување дека во понеделник ќе добие полициска асистенција да се врати во седиштетот на СОБ кое се наоѓа во зградата на ССМ каде и натаму важи протерувањето на овој и уште неколку други спротиставени гранкови синдикати.

Инаку Стојановски во меѓувреме започнал да формира нов синдикат кој сега се нарекува СОБС, ги презел истите канцеларии на СОБ и донел одлука неговите членови да преминат во пара-синдикатот без тие воопшто да потпишат исписници и изјави дека го прифаќаат членството.