Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАјтов поднесе барање за полициска асистенција – се сомнева дека документите на СОБ се уништени

Ајтов поднесе барање за полициска асистенција – се сомнева дека документите на СОБ се уништени

Претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста, Ристо Ајтов денеска поднесе барање за полициска асистенција за да влезе во своите канцеларии во зградата на ССМ. Тој побара од МВР во што е можно пократок рок да му обезбеди влез во просториите бидејќи се сомнева дека документите на синдикатот се уништени. Ајтов рече дека според неговите пресметки досега во сметките на СОБ требаше да има околу 7 милиони денари кои во моментов недостасуваат.
risto ajtov mvr
Според судската одлука, состојбата во СОБ треба да се врати во првобитната состојба, односно според оваа одлука се што потпишал Оливер Стојановски е неважечко. Меѓутоа, Стојановски на крајот на минатиот месец оформил нов синдикат само со одлука, Синдикат на одбраната и безбедносната служба. Ајтов се сомнева дека Стојановски се обидува на нелигитимен начин да ги префрли членовите, но и парите од СОБ во СОБС. Стојановски, во петокот за Тв 24 рече дека СОБ повеќе нема канцелари во ССМ иако призна дека и тој ги користел канцелариите како претседател на истиот синдикат. Сега тој вели закупил канцеларии за СОБС.