Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСите набавки на ДИК за изборите направени преку нетранспарентна постапка

Сите набавки на ДИК за изборите направени преку нетранспарентна постапка

Сите набавки што ги направила Државна изборна комисија за парламентарните избори кои се одржаа во декември 2016 се направени преку нетранспарента постапка, односно со преговарање без објавување оглас, објави „Фриинфо.мк“.

Според податоците што ги доставила ДИК до Електронскиот систем за јавни набавки, парламентарните избори 2016 година чинеле 1.241.059 евра, а локалните избори 2017 година – 844.774 евра.

За парламентарните избори се склучени вкупно 21 договор, а за локалните избори се склучени 19 договори. Најголеми договори за парламентарните избори се за транспорт и сместување на членовите на Избирачките одбори (406.504 евра), за изработка и печатење на изборниот материјал (390.244 евра) и за транспорт на изборниот материјал (105.691 евра). Кај локалните избори, трите најголеми договори се за изработка и печатење на изборниот материјал (453.659 евра), за транспорт на изборниот материјал (81.301 евра) и за надградба на софтвер (69.203 евра).

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски во изјава за медиумите вели дека сите одлуки за јавни набаки се носени на јавни седници со консензус потврдени од сите членови на ДИК.