СЈО го подготвува шестмесечниот отчет
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 15 септември ќе го објави четвртиот шестмесечен извештај, во кој ќе дадат отчет за сето она што го сработиле во тој период.
Во моментоткако што наведува „Либертас“, обвинителите работат на подготовката на извештајот, а по овој датум обвинителите ќе се вратат во колосек и повторно ќе се посветат на довршување на веќе почнатите предистражни и истражни постапки, а ќе продолжат и со преслушувањето на „бомбите“, бидејќи им преостана да слушнат уште 55 проценти од незаконски снимените разговори.
Секој разговор што ќе им даде индиција или сомнеж за можен сторен криминал, ќе значи отворање нова постапка, а со тоа и нови осомничени.