Вечерва настап на Стив Аоки на улица „Македонија“
Во организација на општина Центар, вечерва со почеток од 20 часот на улица „Македонија“, голема забава со домашни диџеи и ѕвездата на вечерта Стив Аоки во нашата „црвено-бела ноќ“.
Улица Македонија вечерва ќе биде во знакот на музиката, забавата, насмевките и ќе биде центар на незаборавна забава. На најлудата журка, добредојдени се сите, а дрес-кодот е во црвено бели бои, боите на општина Центар.
Стив Аоки е американски електро хаус диџеј и продуцент. Има издадено 5 албуми, а еден од нив “Земјата на чудата” беше номиниран за Греми.
Влезот е бесплатен за сите. Ова е втор по ред ваков настан на истото место. Во 2014 година, на улица “Македонија” гостуваше холандската електронска музичка група “Даш Берлин”.