Tuesday, Jun 15, 2021
HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиЖртвите на родово и сексуално насилство ќе добијат поддршка за нивните приказни преку „Галеријата на непобарани уметности“

Жртвите на родово и сексуално насилство ќе добијат поддршка за нивните приказни преку „Галеријата на непобарани уметности“

galerija na nepobarani umetnosti

Жртвите на родово и сексуално насилство треба да добијат соодветен јавен простор каде ќе може без осуди, предрасуди и сомнежи да ги претстават своите приказни, за тоа низ што поминале и да добијат поддршка. Затоа наскоро ќе биде отворена „Галерија на непобарани уметности“ во организација на Сашка Стефановска.

„Сакам да ви претставам еден концепт каде што жртвите на родово-базирано насилство, како и сексуално насилство и вознемирување ќе можат да ги споделат своите приказни. Ќе ги опфаќа личните доживувања на жртвите како и одредени предмети што ги потсетуваат на насилството (може да биде било што, облека, аксесоар, џебен солзавец – pepper spray, песна итн. ) Доколку немате предмет за донирање, исто така е во ред само и вашата приказна.

Предметите ќе бидат изложени во галерија за изложба наречена “The Museum I didn’t ask for”, кој и самите ќе можете да го посетите. Целта е да се подигне свесност и емпатија за овој проблем кој е присутен во голема мера во нашето општество.

Споделувањето може да биде тешко, но исто така може и да ослободува, особено ако знаете дека не сте сами и секогаш ќе имате поддршка. Тоа може да го направите на следниов линк, со име или анонимно, изборот е ваш. Повикот трае е продолжен и ќе трае до 30.04.2021. на следниот линк.

Предметите може да ги доставите на ул. Вељко Влаховиќ бр. 7/1-1, Скопје во канцелариите на Национален младински совет на Македонија секој работен ден лично, по пошта или да замолите некој да ги однесе наместо вас.

Треба да наведете јасно дека се за проектот „Radical Idea: EquALLity“.

Оваа активност е дел од „Radical idea: EquALLity спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.