Monday, Aug 2, 2021
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖестока расправија меѓу близначки завршила со ножеви на Водњанска

Жестока расправија меѓу близначки завршила со ножеви на Водњанска

Вообичаено за близнаците важи дека се тесно поврзани меѓу себе и нивната љубов е неизмерна, но тоа не важело за две скопјанки. Околу 13.30 часот во Скопје во стан на улица Водњанска дошло до расправија помеѓу сестрите-близначки, М.П и П.М, при што со кујнски ножеви си нанеле неколку убодни рани, објави Телма.

Двете сестри се хоспитализирани во Клиничкиот центар. Кај едната близначка е констатирана тешка телесна повреда, крварење од белодробно крило.