Жените од Шуто Оризари се уште без матичен гинеколог

Жените од Шуто Оризари денес со потсетување до министерот за здравство Никола Тодоров дека во ниваната населба се уште немаат матичен гинеколог. Се прашуваат како ќе се исполнат мерките со кои треба да добијат песплатен преглед без разлика дали имаат осигурување или не. Пред два месеца беше распишан оглас за гинеколози кој би примале субвенции од 250 евра доколку би работеле во оваа населба. Во меѓувреме населбата е посетена три пати неделно од лекарите , за што жените од Шуто Оризари се изјаснуваат дека не е доволно.
Од министерството за здраство јавуваат дека Тодоров си ги исполнил своите ветувања и дека не е виновен што никој не се јавува за огласот. Беше јасно потенцирано од страна на миснистерот дека не може со сигурност да потврди дека некој лекар – гинеколог ќе се јави за огласот. Но , субвенциите ќе бидат дадени и огласот ќе се објавува се додека не се јави некој заинтересиран. Реагираат од мнистерството.
Во меѓувреме жените се пожалија дека за прегледите им се наплаќа и дека состојбата во амбулантата е многу лоша.
Шуто Оризари важи за општина со најголем наталитет со 8 илјади жени во репродуктивен период.