Friday, Sep 24, 2021
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗЕОООП Ве поканува на Работилница на тема ” Климатските промени во образованието ”

ЗЕОООП Ве поканува на Работилница на тема ” Климатските промени во образованието ”

Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес, ЗЕОООП – Скопје, овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животна средина и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина.

За таа цел ЗЕОООП Ве поканува на Работилница на тема ”Климатските промени во образованието” која ќе се одржи на 19 Март, 2021 година (петок), со почеток во 13.30 и предвидена е да заврши во 15.00, а ќе се реализира преку електронската платформа Zoom.

Линкот за пристапување кон вашиот настан е:

https://us02web.zoom.us/j/86229225861

Оваа работилница е дел од планот за обуки на проектот ” Животната средина те менува – набљудувај, проучувај, истражувај ” кој е финансиран и поддржан од Општината Кисела Вода, и се спроведува во соработка со истата. Целта на работилницата е да обезбеди информации за релевантните засегнати страни за климатските промени во однос на – Едукација и поддигнување на свеста за животната средина кај учениците, наставничкиот кадар, родителите и локалното население во Општина Кисела Вода.

Работен јазик на оваа обука е македонски јазик.

Ве моламе најкасно до 18.03.2021 (четврток), да го потврдите Вашето присуство на: zdrzeooopsk@gmail.com