Законот за јазици после Нова година

Комисијата за европски прашања на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците е одложена поради, како што појасни, претседателот на Комисијата Артан Груби неприсуство на претставници од Министерството за правда.
– Министерот за правда ме извести дека е во Летонија, и ние го очекувавме заменикот. Мора да има претставник на Владата кој ќе се изјасни за 90-те амандмани што се поднесени за Законот. За нејзиното продолжение ќе информирам во текот на денешниот ден или утре – изјави Груби.
Роковите предвидени со Деловникот веќе течат, но се почитуваат, тврди тој иако има само три дена за амандманска расправа.
Негови очекувања се дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе дојдат на продолжението и дека ќе ги бранет своите амандаман и дека тие ќе гласаат за законот.