Заедно да му помогнеме на Ѓоко!

Само еден месец по свадбата со љубовта на својот живот, на почетокот на септември, Ѓоко ненадејно доби мозочен удар. Според докторите, на ударот е на најлошото можно место, мозочното стебло, каде шансите за преживување се многу мали.
Но, тој се бори веќе втора недела. Ѓоко е борец кој не се предава. И бескрајно добар и хуман човек кој заслужува сите да се здружиме и да му помогнеме во битката за живот.
Веќе 15 дена Ѓоко е на интензивна нега во болница во Скопје. Ќе остане онолку колку што ќе биде потребно за да се излекува. Ве молиме за Ваша помош за да ги платиме трошоците за негата и рехабилитацијата кои ќе бидат потребни откако Ѓоко ќе излезе од болница, со сесрдната помош на докторите и на Бог.
Ѓоко води голема битка и сите ние сме му потребни. Од Македонија донираме на оваа сметка:
Војо Коколански
300007028139498
Комерцијална банка – Скопје
Телефонски број за донации:
Телеком 070 143- 116 ; ВИП/ОНЕ 143-464
Online донации на GoFundMe.
Заедно да му помогнеме на Ѓоко!