За студентите забрането конзумирање на жестоки пијалоци!

Престижниот американски Универзитет „Стенфорд“ го забранил конзумирањето на жестоки пијалоци на студентските журки- односно дозволено ќе и биде само пиво и вино, додека жестокиот алкохол ќе биде дозволен за журките кои ги организираат постдипломците, но исклучиво во коктели. Главните и одговорни лица во Универзитетот „Стенфорд“ Џон Хенеси и Џон Ечменди преку писмо им го најавиле новото правило на студентите.
Правилото било воведено бидејќи поранешниот пливач на „Стенфорд“, Брок Тарнер, бил осуден за сексуален напад на жена бидејќи и двајцата пиеле на забава во камп. Тој случај предизвикал незадоволство во јавноста кога судијата Тарнер му изрекол казна од само шест месеци затвор. Хенеси и Ечменди истакнале дека новото правило претставува „обид да се изгради поздрава култура во кампот во врска со алкохолот“.