Во Кипар откриени остатоци од најстарото село во светот

Древни градби, стари повеќе од 11.000 години, се пронајдени на Кипар и можно е тоа да е најстарото село кога било откриено во светот.
Остатоците од 29-те тркалезни градби, откриени се во Климонас, во блина на градот Лимасол, соопштила Управата за антиквитети и додал дека тоа е „најстариот стил на земјоделски и селски живот на светот.
Зградите на ободите од планините кон морето се стари најмалку 10.500 до 11.000 години, и за барем 2.000 години се постари од првата населба на Кипар, во местото Хирокитија. Таа населба е на списокот на заштитено светско наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
На археолошкиот локалитет од 5.000 квадратни метри во Климонас најдени се коски на мачка и куче, како и остатоци на камени алатки за работа и лов, што потсетуваат на неолитот.
Археолозите Франсоа Бријоа и Жан-Дени Вињ оценија дека тогашните локални жители во Климонас веројатно ловеле помали птици и диви свињи.