Thursday, Jun 24, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ повторно ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Министерство за правда

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска во знак на протест поради притворените за насилството во Собранието на 27 април ќе блокира четири крстосници во Скопје и ќе одржи протест пред Министерството за правда.

Партијата од 15 до 17 часот ќе ги блокира: Крстосницата кај Соборен Храм, крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата кај „Нова Македонија“ и крстосницата кај зградата на Црвен Крст. Протестот пред Министерството за правда ќе почне во 18 часот.