Tuesday, Sep 28, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во денешната политичка фарса во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во денешната политичка фарса во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение информираше дека нема да учествува на денешната собраниска седница, на која на дневен ред пред пратениците е барањето од Кривичниот суд за одземање на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поради учество во насилството во Собранието на 27 април годинава.

„Ова е политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите што мислат поинаку. Главна и единствена работа која СДСМ ја спроведува е политички реваншизам, прогон и хајка. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и со совест треба да се спротиставува на штетни политики. СДСМ е тргнат и не запира во намерата да уништува животи, да гази луѓе, да монтира случаи и да прави политички прогон само и само за себе да си обезбеди апсолутно неограничено и неконтролирано владеење“, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека ги разгледуваат сите опции за да се спротивстават и да се стават во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси.