Sunday, Sep 26, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се гушкаа со маскираните напаѓачи

Видео: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се гушкаа со маскираните напаѓачи

Ново видео објавено од пратеникот Љупчо Димовски открива нова перспектива на настаните во четвртокот. На видеото се гледа како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со аплаузи ги дочекуваат гневните демонстранти, а дел од нив дури се поздравуваат и гушкаат со маскираните напаѓачи. Видеото нема атмосферски звук туку само монтирана музика, најверојатно за да се не чујат националистичките изјави и скандирања.

– Наместо безочните лаги на однародените, примитивно-малограѓански „социјалдемократи“, ова е вистинстинската слика од народното ослободување на македонското народно Собрание од тиранијата на СДС, напиша Димовски при објавата на ова видео.