Friday, Sep 24, 2021
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУште 2 недели можност да се аплицира со зелена бизнис идеја на натпреварот „Зелени идеи 2021“

Уште 2 недели можност да се аплицира со зелена бизнис идеја на натпреварот „Зелени идеи 2021“

Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до сите граѓани кои имаат идеја или постоечки бизнис со кој се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи“ кој е во тек. На натпреварот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен профит не поголем од 10.000 евра). Пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на веб-страница: https://zeleniidei.mk/.
Во тек е пријава за последната работилница за апликанти кои сакаат да добијат поддршка и менторство за пополнување на формуларите, и повик за бесплатен промотивен материјал за сите кои сакаат бесплатно да добијат садлива еко-картичка од која никнува цвеќето пркос.

Оваа година, АРНО ќе додели 1000 долари за бизнис концептот и по 2000 долари за бизнис идеите кои ќе бидат избрани во финалето како три македонски победнички идеи. Дополнителна поддршка ќе доделат и партнерите: Фонд за иновации и технолошки развој, МКА2000 и Македонија 2025.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја. Деталите за натпреварот се наоѓаат на веб страницата https://zeleniidei.mk/.
Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832 или на e-mail arno.mkd@gmail.com