Monday, Oct 2, 2023
HomeДЕНЕШНАСветТурскиот претседател најави турски носач на авиони

Турскиот претседател најави турски носач на авиони

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган истакна дека наскоро во таа земја ќе се започне со производство на турски носач на авиони.

Според него, Турција ќе биде подготвена да гради носач на авиони откако ќе биде готов повеќенаменскиот офанзивен брод-амфибија ТГЦ Анадолија.

Флотата на Турција е составена од повеќе од 20 фрегати и корвети, од кои 50 отсто од нив се користени од американската и француската армија. Турската армија има и 13 подморници.