Tuesday, Sep 28, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтрујата нема да поскапе, барем не по барање на ЕЛЕМ

Струјата нема да поскапе, барем не по барање на ЕЛЕМ

По долго време на претпоставки и шпекулации се позвесно е дека цената на струјата нема да се менува, барем ако од тоа зависат само одлуките на државната компанија ЕЛЕМ. Ти веќе и го доставила извештајот со вкупните расходи на Регулаторната Комисија во кој не е вклучено и барање за зголемување на цената. Трошоците им биле во рамки на очекуваното и преку раст на производството и продажба ги покриле кусоците кои беа направени оваа зима. Инаку Регулаторна ќе ја донесе одлуката за цената на крајот на јуни.

АД Електрани на Македонија има набиена инвестициска агенда во наредниот период. Воопшто инвестициите во енергетиката во земјава ќе имаат приоритет следните години. Се планира отворање на два нови рудници за јаглен и една термоцентрала, а Македонска Каменица треба да добие модернизирана топлана. ЕЛЕМ планира да продолжи успешно да раководи со двата хотели во скијачкиот центар Попова Шапка, веќе интензивно работи на ставање во целосна функција на хотелските капацитети Шапка и Славија чие реновирање чини 3 милиони евра, а во завршна фаза е и изградба на жичарницата вредна 10 милиони евра. Во тек е и втората фаза од изградбата на Ветерниот парк во Богданци, а се планира поставување на уште 6 нови ветерници. Компанијата се уште не кренала раце ниту од долгоочекуваната изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.
Речиси готова е и административната зграда на АД ЕЛЕМ. Се очекува преостанатите активности да финишираат и вработените да се вселат до крајот на јуни. Во новата зграда треба да бидат сместени ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Турс и администрацијата на Хидроцентралата Треска.
Извор: alfatv.mk