Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски позитивен на Ковид-19, Македонија влезе во алертна фаза

Спасовски позитивен на Ковид-19, Македонија влезе во алертна фаза

Првиот човек на полицијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19, објави синоќа тој на неговиот фејсбук профил.

“Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Чувајте се”, напиша Спасовски на фејсбук.
Македонија влегува во алертна фаза на заразени од Ковид-19 вирусот. Новинарот Сеад Ризвановиќ, пак на својот ФБ профил нагласи дека сме 17-та земја во светот по стапка на смртност, од Ковид-19.
Надлежните постојано апелираат граѓаните да ги запазуваат предвидените мерки на социјална дистанца, носење маска, и често миење раце. Министерот за здравство Венко Филипче, не ја исклучува можноста и за воведување на нови карантини, доколку здравствениот систем биде преоптоварен со нови пациенти.