Monday, Aug 2, 2021
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец нападнат дома со нож од својот брат

Скопјанец нападнат дома со нож од својот брат

Скопјанец го нападнал неговиот брат во семејната куќа и со нож му нанел три убодни рани. Нападнатиот брат се здобил и со фрактура на раката, но за среќа убодите не се фатални и поминал со полесни повреди на телото и надвор од животна опасност.

Според Министерството за внатрешни работи, синоќа во 22:42 часот од градска општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето М.Ц. (35) од село Визбегово, Скопско, со три убодни рани од нож и фрактура на рака.

Причините за инцидентот не се откриваат, а против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава